Connect with us

Фудбал

Првиот човек на италијанскиот фудбал поднесе оставка

Претседателот на Италијанската фудбалска федерација Карло Тавекио денеска на итен состанок одржан во Рим, поднесе оставка.

Италија не успеа да се пласира на Светското првенство во Русија кое ќе се игра следната година. Неуспехот на италијанските репрезентативци е прв ваков во последниве 60 години.

 Жал ми е. Си одам, бидејќи изгубив. Им се извинувам на сите Италијанци. Сакам да кажам дека амбициите на некои и шпекулациите попречија да ги побараме со ладни глави причините за овој резултат. Забележувам промена кај некои од моите колеги, рече Тавекио.

Се очекува во рок од три месеци д абидат одржани избори за нов шеф на федерацијата.