Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Лацио со предлог како да се реши шампионот во Италија

Првиот човек на Лацио, Клаудио Лотито вели дека плејоф со Јувентус би било најдоброто решение за титулата во Италија. Како што вели тој, Интер има осум бодови помалку, Аталанта 14, па веројатно не е фер тие да бидат вклучени, туку само Лацио и Јувентус.

-Ги победивме со 3:1 на првиот меч од сезоната, ги победивме во Суперкупот со 3:1. Треба да се одигра вторито меч во првенството. Би прифатил плејоф за титулата со Јуевентус, вели Лотито.

Серие А најверојатно ќе се врати на крајот од мај, бидејќи според информациите на 4-ти мај клубовите ќе почнат со тренинзи.