Connect with us

Фудбал

Првиот човек на Славија Софија: Која е бре таа С.Македонија, капитенот Ристовски му одговори: Не викај!

Првиот човек на бугарскиот клуб Славија Софија вчера даде доста провокативна и навредлива изјава во пресрет на попладневната пресметка помеѓу Бугарија и Македонија во рамките одновиот циклус на Лигата на нации.

-Која е бре таа С. Македонија!? Па таа вчера стана држава, зошто тогаш ние би стравувале. Па ако стравуваме од репрезентации како Македонија, Грузија и Гибралтар тогаш воопшто и да не играме фудбал. Да си играме некои детски игри, изјави Венцислав Стефанов.

Утрово на социјалните мрежи се огласи и македонскиот капитен Стефан Ристовски, кој нема да биде во составот со Бугарија поради повреда. Тој објави фотографија со нилски коњ и од Венцислав Стефанов и напиша: Не викај!