Connect with us

Фудбал

Првпат се појави во јавноста по инцидентот: Роналдо се криел во автомобилот зад телохранителот

Кристијано Роналдо се најде на удар на критичарите откако на еден од неговите обожаватели му го скрши мобилниот телефон на „Гудисон“.

По поразот од Евертон (1:0), Роналдо куцаше кон тунелот бидејќи доби силен удар во левата нога. На излезот од теренот застана, а еден од навивачите сакаше да го сними.

Тогаш Португалецот ги загуби нервите и му го турна мобилниот телефон од рака и го скрши, па замина во соблекувалната. Овој потег ја згрози фудбалската јавност бидејќи подоцна беше објавено дека тој е навивач кој инаку е аутист и првпат дошол на натпреварот со својата мајка.

Роналдо се извини за неговиот потег и му понуди на семејството да дојде на следниот натпревар на Манчестер Јунајтед и да ги угостти, но одбија и рекоа дека Роналдо сето тоа го направил на срамен начин.

Португалецот не се огласи по извинувањето, а утрово првпат се појави во јавноста кога дојде на тренингот на Јунајтед.

Вообичаено тој е зад воланот во автомобилот, но овој пат Роналдо седеше зад своите телохранители и се обиде да се сокрие од моќните фоторепортери кои беа пред тренинг центарот на Манчестер Јунајтед.

Мајката на момчето Џејк вчера објави дека нема да ја прифати поканата на Роналдо да дојде на Олд Трафорд и дека очекувале тој лично да се извини за својот потег, а тоа да не го стори преку социјалните мрежи.

„Тој се извини на социјалните мрежи, но тоа требаше да го направи лично. Беше разочарувачки бидејќи Роналдо беше причината поради која Џејк сакаше да оди на натпреварот. Сега Џејк не сака да оди на натпревари, ми рече дека никогаш повеќе не сака да го види Роналдо“.

“Џејк е многу вознемирен поради тоа што се случи и беше целосно обесхрабрен да оди на натпревари. Ова беше негов прв натпревар и еве што се случи. Беше прекрасен ден кога играчите го напуштија теренот. Тој ни го уништи денот и си замина, ни даде горчлив вкус“, додаде мајката на момчето.