Connect with us

Фудбал

ПСЖ доби нов тренер кој веднаш почна да го убедува Нејмар да остане во клубот

Тухел ќе го замени Унаи Емери, кој две сезони го водеше ПСЖ, но не ги оправда очекувањата на сопствениците на клубот.

Германскиот фудбалски стратег Томас Тушел (44) е нов тренер на францускиот шампион Париз Сен Жермен, потврди францускиот клуб.

И покрај тоа што ПСЖ потроши 222 милиони евра за Нејмар и го донесе Килиан Мбапе во Париз, францускиот шампион не успеа да се пробие во полуфиналето на Лигата на шампионите, што беше цел на тимот оваа сезона.

„Среќен сум и се радувам што ќе работам со сите овие големи играчи, од кои некои се меѓу најдобрите во светот. Постои огромен потенцијал во Париз, и ова е највозбудливиот предизвик за мене“, изјави поранешниот тренер на Мајнц и на Борусија Дортмунд.

Германските медиуми велат дека Тухел одржал средба со Нејмар пред неколку дена за да ги претстави своите планови за новата сезона и се обиде да го убеди да остане во Париз.

Тухел во 2015 беше наследникот на Јирген Клоп во Дортмунд, го освои Купот на Германија во 2017 година, но не успеа да остане долго на клупата на Борусија поради заладените односи со управата на клубот. Пред тоа беше тренерот на Мајнц пет години.