Connect with us

Фудбал

ПСЖ го продава Кавани

Францускиот шампион, ПСЖ планира да го продаде Едисон Кавани ова лето.

Кавани е заслужен за сите успеси на ПСЖ, но од управата мислат дека е време Уругваецот да замине.

ПСЖ, наводно, ги разгледуваше понудите за Кавани, а меѓу заинтересираните тимови се Манчестер Јунајтед, Наполи и Атлетико Мадрид.

Се претпоставува дека ПСЖ ќе го продаде Кавани за околу 50 милиони евра.

Тој во ПСЖ дојде во 2013 година од Наполи, а 32-годишниот напаѓач одигра 186 натпревари во Франција и постигна 134 гола.

Различни француски медиуми сугерираат дека и германскиот репрезентативец Дракслер би можел да го напушти ПСЖ ова лето. Тој има договор до 2021 година и клубот ќе се обиде да заработи од неговото заминување, а се очекува да заминат уште некои првотимци.