Connect with us

Фудбал

ПСЖ ќе биде посилен без Мбапе: Со четири големи имиња ќе атакуваат на европската титула

Пари Сен Жермен полека влегува во летото во кое ќе треба да го надомести заминувањето на најголемата ѕвезда Килијан Мбапе, а тоа значи доаѓање на засилувања кои ќе го заменат. ПСЖ нема да седи со скрстени раце и да чека да се појави некој „нов Мбапе“ откако најголемата ѕвезда реши бесплатно да го напушти „Паркот на принцовите“.

Напротив, парижаните подготвија список од четири засилувања кои би го направиле тимот неспоредливо посилен и можеби ќе ја донесат титулата европски првак, која досега ниту со Мбапе, ниту со Меси, Нејмар, не успеаја да ја донесат.

Што се однесува до наследникот на Мбапе, во игра се двајца фудбалери и многу е реално еден од нив следното лето да се пресели во ПСЖ. Тоа се Рафаел Леао од Милан и Хвича Кварацхелија од Наполи. Двајцата фудбалери се многу посакувани од спортскиот директор Луис Кампос, кого го запознал порано во кариерата и многу добро ги познава нивните квалитети, а особено добар однос со Леао во Лил. Но, неговата откупна клаузула е 175 милиони евра, што значи дека ПСЖ би морал да одвои сериозна сума на пари и да му ја плати на Милан.

Без разлика дали еден од овие двајца крилни офанзивци ќе го засили ПСЖ, тимот ќе тргне по уште двајца офанзивци на други позиции. Тоа се Бернардо Силва од Манчестер Сити и напаѓачот на Наполи, Виктор Осимхен. Бернардо Силва е идеален за ПСЖ бидејќи има откупна клаузула од 60 милиони евра и тој трансфер е најреален од сите. Исто така, Португалецот е подготвен за нови предизвици по неколкугодишна успешна авантура во Манчестер Сити.