Connect with us

Фудбал

ПСЖ објави: Рамос се уште тренира индивидуално

Серхио Рамос нема да му биде на располагање на тренерот Маурисио Покетино за следните натпревари, потврди ПСЖ.

Клубот од „Паркот на принцовите“ објави официјално соопштение во четвртокот за здравствената состојба на искусниот дефанзивец.

„Серхио Рамос ќе продолжи со индивидуални тренинзи со медицинскиот тим уште 10 дена, со цел наскоро да започне со работа со тимот.“

Потсетуваме, Шпанецот нема одиграно ниту еден натпревар за францускиот клуб откако дојде ова лето.

Локалните медиуми објавија дека тој може да биде во составот за натпреварот против Анже овој петок. Сепак, тој сепак ќе треба да почека за своето деби.

Реклама

Facebook

Реклама
Реклама