Connect with us

Фудбал

ПСЖ подготвува отказ за Тухел, а првата идеја позната, на Реал нема да му се допадне

ПСЖ веќе размислува за следната сезона, а се размислува и за промена на кормилото. Наводно францускиот тим подготвува отказ за Тухел, единствено може да го спаси освојувањето на Лигата на шампионите.

Наводно во клубот веќе имаат идеја. Две имиња се во прашање. Првото е Зинедин Зидан, а второто Масимилиано Алегри. Зидан е тренер на Реал Мадрид, има договор за уште две години, поради тоа е тешко да се очекува дека ќе премине во Париз.

Преговорите со Алегри би биле доста полесни бидејќи тој е на едногодишен одмор откако ја раскина соработката со Јувентус. Сепак, се шпекулира дека Реал би можел да му врачи отказ на Зидан, па во една таква ситуација тој би бил првиот избор.