Connect with us

Фудбал

ПСЖ преживеа со пенал во 98. минута, пресврт на Сити

Одлични натпревари можевме да проследиме вечерва во Лигата на шампионите.

Њукасл беше „бомба“ од четвртиот шешир пред ждрепката на групите за Лигата на шампионите, а таа „бомба“ експлодираше во Париз. „Страчките“ беа на дофат на минимален триумф против ПСЖ, но францускиот шампион се извлече со пенал во 90+8. минута Мбапе освои голем бод – 1:1.

Њукасл поведе по голот на Исак на додавање на фантастичниот Алмирон во 24. минута. Њукасл е на третото место на табелата, а во последното коло на својот стадион ќе го пречека тимот на Милан.

Дортмунд со победата во Милано – 3:1 обезбеди нокаут фаза. Натпреварот лошо започна за Милан, Жиро промаши пенал во шестата минута.

Брзо го казни Ројс, со гол четири минути подоцна, но во 37. израмни Чуквуезе. Сепак, во продолжение Милионерите беа одлични, триумфот го остварија со головите на Бино-Гитенс во 59 и Адејеми во 69 минута.

Пласман во нокаут фазата по само четири кола обезбедија Манчестер Сити и Лајпциг, а се чинеше дека Граѓаните се многу, многу поблиску до првата позиција. Особено поради победата од 3:1 во Германија.

На Лајпциг му требаше само нешто повеќе од половина час за да дојде до водство од 2:0, Опенда погоди во 13. и 33. минута, првиот пат по додавањето на Бласвич, вториот пат на асистенција на Симонс.

Тоа беше јасен сигнал до Гвардиола дека треба да промени нешто, а во вториот дел во игра ги внесе Дијас, Грлиш и Вокер. И тоа донесе подобрување, Холанд најпрвин ја врати надежта во 55. минута, а израмни Фоден во 70. минута. Истиот играч му асистираше на Алварез во 87. минута, а Аргентинецот го комплетираше пресвртот – 3:2

Атлетико Мадрид славеше важен триумф во Ротердам на гостувањето кај Феенорд – 3:1. Гостите поведоа со автоголот на Гертруда во 14. минута, предноста ја удвои Хермосо во 57.

Надежта за Холанѓаните ја врати Вејфер кога погоди во 77. минута, но домашните четири минути подоцна си постигнаа уште еден автогол, тоа го направи Хименез. Овој резултат го однесе Лацио во нокаут фазата, додека Феенорд ќе го продолжи натпреварувањето во Лига Европа.

Барселона со пресврт славеше против Порто – 2:1. Португалците поведоа на „Ноу Камп“ преку Пепе во 30. минута, Португалецот Кансело во 32. и Жоао Феликс во 57. минута му го донесоа триумфот на каталонскиот тим.