Connect with us

Фудбал

Пуштени во продажба влезниците за дуелот Македонија-Косово, еве каде можат да се купат

Македонската А репрезентација против Косово на 26. март на Националната арена „Тодор Проески“ го игра полуфиналниот натпревар од Лига на Нации.

Влезниците за натпреварот се пуштени во продажба од денеска (03.03.2020 год). преку продажната мрежа на MKTickets и следните избрани места:

–  Билетара на Национална арена „Тодор Проески“ (секој ден од 10:00 до 18:00 часот)

–  T.A. Глобус – Охрид

–  T.A. Бран – Прилеп

–  Кафе бар „Концепт“ – Струмица

–  Симбол Кафе – Штип

–  Литература – Битола

–  Киоск Корзо – Неготино

–  Уни сон – Велес

–  Тобако Лени + – Гевгелија

–  Либеро Травел – Кочани

Влезница за јужната и северната трибина од Националната арена „Тодор Проески“ ќе се продаваат по цена од 300. и 400. денари.

Едно лице може да купи еден билет со приложување на документ за идентификација (важечка лична карта или патна исправа).

Секој билет ќе биде персонализиран.

Сите навивачи и поддржувачи на нашата најдобра репрезентација на денот на натпреварот со себе треба да носат документ за лична идентификација бидејќи при влегувањето на Националната арена за натпреварот на 26. март, редарската служба (претставници на Министерство за внатрешни работи) ќе ја проверува точноста на личните податоци од влезниците и нема да им овозможи влез на трибините на оние навивачи кои под друго име ќе се обидат да влезат на Националната арена. Од ФФМ предупредуваат навивачите да не купуваат влезници на т.н. „црн пазар“ со други податоци на влезниците.