Connect with us

Фудбал

Рабио се одлучи за Барселона

Големиот талент од редовите на актуелниот шампион на Франција, тимот на ПСЖ, Адриен Рабио, и официјално потврди дека нема да ја продолжи соработката со популарните “светци”.

Повремениот репрезентативец на Франција на крајот од актуелната сезона ќе има статус на слободен играч, а преговорите кои траеа со месеци не вродија со плод.

Играчот за врска побара новиот договор да му гарантира годишна плата од 9 мил. евра, но челниицте на ПСЖ му понудија само 6 мил. евра. Освен дека си заминува од Париз, француските медиуми открија дека Барселона ќе биде следната дестинација на Рабио.