Connect with us

Фудбал

Работата завршена: Шиме Врсаљко во Интер

Хрватскиот репрезентативец Шиме Врсаљко ќе биде претставен како нов играч на Интер.

Италијанските медиуми потврдија дека е постигнат договор помеѓу Атлетико Мадрид и Интер, по што Врсаљко во Интер ќе замине на позајмица со право на откуп на договорот.

Интер ќе плати 6,5 милиони евра за заемот на Врсаљко, а на крајот на сезоната ќе може да го купи договорот за 17,5 милиони евра.

Преминувајќи во Интер, Врсаљко ќе стане третиот Хрват во тимот на црно-сини, за кој Брозовиќ и Перишиќ сé уште играат.