Connect with us

Фудбал

Работнички чекор поблиску до Лига Европа

Работнички триумфираше над Победа со Резултат од 4:2.

Фудбалерите од редовите на Работнички со оваа победа се доближија со Силекс кој се наоѓа на третото место со 46 поени, а Работнички има 45 поени. Третото место во ПМФЛ обезбедува квалификации во Лига Еврпа.

Головите на денешниот натпревар ги постигнаа Виктор Ангелов во 3. минута за водство од 1:0 на Работнички, потоа во 6. минута Христијан Кировски го зголемува водството на 2:0, се додека во 29. минута кога Аљтин Лога го намали водството на 2:1.

Второто полувреме Победа ги започна првите напади кон противничкиот гол, но во 58. минута Кире Маркоски постигна гол за убедливо водство на Работнички од 3:1, само 2. минути подоцна во 60. минута Зоран Даноски постигна гол за 3:2 и успеа да ја намали предноста ан Работнички, во 84. минута Кире Марковски успеа повторно да постигне гол и Работнички да има предност од 4:2.

На овој натпревар Победа имаше 12 шутеви кон голот од кои 2 беа реализирани, а Работнички 7 шутеви кон голот од кои 4 беа реализирани