Connect with us

Фудбал

Работнички гостин на 120. роденден на Јувентус

Фудбалскиот клуб Работнички му го честиташе 120. роденден на Јувентус. Генералниот секретар Ненад Монев беше поканет на натпреварот Јувентус – Беневенто кој се одигра во неделата, како и на прославата на клубот.

За таа пригода Монев им го честиташе роденденот на Јувентус со шише вино, специјално полнето и брендирано за овој роденден од винарската визба „Тиквеш“.

Подарокот го прими потпретседателот на „старата дама“, Павел Недвед.

Беше чест да се биде дел од роденденското дружење таа вечер во Торино, со претседателот на клубот Андреа Ањели, потпретседателот Павел Недвед и со колегата Генерален секретар на Јувентус, Маурицио Ломбардо“, изјави Монев за клупската веб страница.

Овие денови се одржува првиот дел од напредната менаџмент програма на ЕКА, првиот модул на кој домаќин е токму Јувентус.