Connect with us

Фудбал

Работнички остана непоразен во Струмица

Фудбалерите на Работнички останаа непоразени на гостувањето кај Академија Пандев во дуел од 16.коло од Првата лига. Екипата на Работнички успеа да освои бод откако Жуниор во судиското надополнување на вториот дел постигна гол за 1:1. Домаќинот поведе со голот на Зоран Бандовалиев во 52 минута.

Единствената гостинска победа во 16.коло ја постигна Силекс, кој триумфираше против Победа со 2:0.

Во Тетово лидерот Шкендија го победи Скопје со 4:0, додека Шкупи ја совлада Ренова со 4:1.

Последниот натпревар од ова коло меѓу Вардар и Пелистер се игра вечерва од 18 часот.

Табела: Шкендија 40 бодови, Вардар 26, Академија Пандев 25, Силекс 25, Работнички 20, Шкупи 18, Ренова 17, Пелистер 15, Победа 15, Скопје 9.