Connect with us

Кошарка

Работнички поведе со 2:0 против Куманово

Работнички оствари гостинска победа против Куманово (68:82) и поведе со 2:0 во полуфиналната серија од плејофот.

Гостите доминираа на теренот во текот на целиот натпревар, а уште по првата четвртина имаа предност од високи 16 поени (12:28).

Куманово во натамошниот тек немаше сили за пресврт, a Работнички ги изигра рутински останатите три четвртини, одржувајќи постојано сигурна предност.

Кај гостите најефикасен беше Чавдар Костов со 20 поени и шест скока, а Маркус Гинјард постигна 18. Марјан Јанески со 17 поени беше најдобар стрелец кај Куманово.

Третиот натпревар од оваа полуфинална серија се игра в понеделник во салата „Градски парк“ во Скопје. Доколку Работнички оствари уште еден триумф ќе обезбеди пласман во финалето.