Connect with us

Фудбал

Работнички со гол предност на полувреме

Во првото полувреме од натпреварот помеѓу Работнички и Победа, може да се каже дека Победа имаше повеќе шанси и дека поголемиот дел од првите 45. минути се играше на половината на Работнички, но сепак Работнички со водство од 2:1 заминува на полувреме.

Головите за Работничи ги постинаа Виктор Ангелов во 3. минута од пенал и Христијан Кировски во 6. минута.

Голот за гостинската екипа го постигна Аљтин Лога во 29. минута.

Овој натпревар е доста важен и за двете екипи, Победа се наоѓа на осмата позиција и се бори за опстанок во лигата, а Работнички се наоѓа на четвртата позиција со 42 поени а пред Работнички се наоѓа Силекс кој има 46 поени, третото место овозможува квалификации во Лига Европа.