Connect with us

Фудбал

Радикална промена: Пјер-Емерик Обамејанг е сосема нов човек

Габонскиот напаѓач Пјер-Емерик Обамејанг реши да ја промени фризурата и тоа навистина остави многумина во страв.

Обамејанг има препознатлива фризура која ја носи од денот кога настапуваше за Борусија Дортмунд, но сега реши да се потстрижи, па може да се каже дека повеќе не личи на себе.

Фановите беа изненадени, некои го пофалија неговиот нов изглед, на некои не им се допадна, но сите се согласија дека тоа е сосема неочекуван потег и дека сега личи на Луис Хамилтон, британскиот Формула 1 возач.

Обамејанг на крајот од јануарскиот преоден рок се пресели во Барселона и денеска е член на каталонскиот тим со кој потпиша договор до летото 2025 година.

Поранешниот напаѓач на Арсенал одигра вкупно 38 натпревари и постигна 20 гола со три асистенции и му помогна на тимот на Чави да се врати од бездната и на крајот да освои место во Лигата на шампионите, а каква улога ќе има Габонецот ќе видиме следната сезона.

Инаку, тој неодамна донесе одлука да се прости од репрезентацијата на Габон.

„Има проблеми кои тешко ќе се решат, а има и секакви гласини. Накратко, здравјето е најважно и морам да се грижам за тоа, но нема да се потпирам на овие лажни информации“, напиша Аубамејанг на Инстаграм.

„После 13 години претставување на мојата земја, објавувам дека ја завршувам кариерата во репрезентацијата. Би сакал да им се заблагодарам на луѓето од Габон што ме поддржуваат и во добро и во зло. Ќе имам многу убави спомени“, напиша тој.