Connect with us

Фудбал

Рафаел Леао ја продолжува кариерата во Премиер лигата?

Милан на крајот од оваа сезона би можел да остане без еден од важните играчи во ротацијата.

Напаѓачот, 22-годишниот Рафаел Леао е на мета на Евертон, а „Карамелите“ ќе направи се овој фудбалер од следното лето да стане жител на Ливерпул.

Леао има договор со „Росонерите“ до 2024 година, а неговата моментална вредност е 35 милиони евра, па Милан сигурно нема да го пушти португалскиот напаѓач.

Медиумите на Островот пренесуваат дека покрај Евертон, за услугите на споменатиот напаѓач е заинтересиран и Вулверхемппон, кој е познат по португалската колонија на фудбалери, но мали се шансите „Волците“ да платат повеќе за напаѓачот на Милан.

Сезонава Леао одигра 27 натпревари во сите натпреварувања во дресот на Милан, постигна десет гола и запиша шест асистенции.