Connect with us

Фудбал

Рафиња како позајмен играч во Интер, веќе размислува за целосен трансфер на Сан Сиро

По изјавата дека Интер немаат средства за големи трансфери, трансфери како позајмен играч се лесно достижливи. Бразилецот Рафиња преминува во Интер од Барселона како позајмен играч до крајот на сезоната, а на лето италијанскиот клуб ќе има можност целосно да го откупи неговиот договор за 25 милиони евра.

Сега веќе новиот играч на Интер кој што го избра бројот „8“, се огласи на социјалната мрежа Инстаграм и порача дека е воодушевен од новата авантура која што го очекува во Италија.

„Започнува нов предизвик во мојата кариера. Пристигнав во историски клуб и имам голема желба да остварам успех. Мотивиран сум и сакам зборовите да ги претворам во дела“, изјави Рафиња.