Connect with us

Фудбал

Рафиња како позајмен играч во Интер или Селта Виго

Раководството на Барселона е подготвено да го ослободи играчот од средниот ред Рафиња на позајмица во Интер до крајот на сезоната, со можност за откуп на договорот во износ од 18 милиони евра.

Во последниве денови, шпанскиот печат пишуваше за преговорите помеѓу двата клуба кои се развиваат доста добро.

24-годишниот Рафиња до неодамна закрепнуваше од сериозна повреда која го оддалечи од терените од април.

Интер е исто така е заинтересиран за крило на Барселона Жерар Деулофеу, но Каталонците за него бараат обештетување во висина од 15-20 милиони евра.