Connect with us

Фудбал

Раиола ќе преговара со Милан

Најпознатиот фудбалски агент на денешницата, Мино Раиола, во следните неколку дена ќе седне на преговарачката маса со челниците на италијанскиот калчо гигант Милан.

Како што информираат италијанските медиуми, Раиола веќе пристигнал во Милано каде прво ќе му даде подршка на стандардниот првотимец во дресот на Милан, Џакомо Бонавентура, кој ќе мора да замине на операција, поради која ќе паузира пет месеци, а потоа ќе се обиде да го договори најавениот кам-бек на Златан Ибрахимовиќ на „Сан Сиро“.

Раиола не крие дека сега има одлична соработка со челниците на Милан и дека Ибра е заинтересиран за нова соработка со седумкратниот европски клупски шампион.