Connect with us

Фудбал

„Ракета“ на бисерот на Реал Мадрид, Грузија погодуваше стативи и пречки, на крајот Турција со убедлива победа (ВИДЕО)

Турција и Грузија одиграа фантастичен и воздбудлив меч, кој на крајот заврши со победа на Турците од 3:1. По 25 минути игра Мулдур носи преднос на Турција, а израмни Микаутадзе во 32-та. Во вториот дел, барем до 2:1, целосен притисок на Турција врз голот на Грузија. Иницијативата резултираше со фантастичен гол од далечина на 18-годишниот играч од Реал Мадрид, Арда Ѓулер.

По ова неколку добри шанси на Грузијците, кои погодуваат еднаш статива и еднаш пречка. Во судиското продолжение, во обид да израмнат при прекинот од корнер, и голманот на Грузија отиде во казнениот простор на Турција, но тоа скапо ги чинеше. Турскиот голман боксува, брза контра, на крајот Актуркоглу погодува во празната мрежа.

Од оваа група, во терминот од 21:00 часот играат Португалија и Чешка.