Connect with us

Фудбал

Ракитиќ е трансфер бомбата на Гатузо

Познатиот хрватски играч за врска Иван Ракитиќ дефинитивно ќе стане нов играч на сплитски Хајдук, а оваа информација утрово ја потврди и најпознатиот светски трансфер гуру Фабрицио Романо. Романо со своите препознатливи зборови „еве што одиме“ ја потврди трансфер бомбата на Хајдук, а денеска се очекува и официјално да биде претставен Ракитиќ.

Како што потврди Италијанецот, Ракитиќ ќе остане во Сплит во следните две сезони, бидејќи беше договорено да потпише двегодишен договор. Ракитиќ во Хајдук ќе работи со Џенаро Гатузо, легендарниот Италијанец кој летово пристигна на местото тренер на тимот од Пољуд. Претходно, хрватските медиуми пишуваа дека Хајдук не морал длабоко да посегне „во џебот“ за да го доведе, бидејќи Ракитиќ се согласил на значително помала плата во однос на онаа што ја имал во Ал Шабаб, од каде што пристигнува во Хајдук. . Ракитиќ има 36 години и последната полусезона ја мина во Саудиска Ал Шабаб, а претходно играше за Севиља, Барселона, Шалке и Базел.