Connect with us

Фудбал

Ракитиќ: Модриќ го ценам и почитувам, но и тој знае дека Меси е најдобар

Хрватскот репрезентативец Иван Ракитиќ постигна неверојатен гол за Барселона на гостувањето кај Тотенхем (4:2).

Каталонскиот клуб во вториот натпревар од групната фаза во Лигата на шампионите дојде до победа на Вембли полесно отколку што се очекуваше, а уште еднаш блесна ЛионелМеси кој постигна два погодоци. Еден гол постигна Ракитиќ кој беше навистина спектакуларен.

Меѓутоа, по натпреварот сите зборуваа за една маестрална партија на Меси кој на крајот беше прогласен за најдобар играч на второто коло. Дури и Ракитиќ после натпреварот имаше порака за сите, па дури и за својот колега од репрезентацијата Лука Модриќ кој неодамна беше прогласен за најдобар играч на светот.

„Навистина имам почит кон играчите кои освојуваат награди, но морам да кажам дека посои играч кој е подобар од сите. Тоа е Лионел Меси. Исклучително го почитувам Лука, но и тој самиот знае дека Меси е најдобар“, рече Ракитиќ