Фудбал
Ракитиќ за пристигнувањето на Пјаниќ: Горд сум, сепак тој е од нашите краишата
Иван Ракитиќ беше меѓу првите што му честиташе на Миралем Пјаниќ за трансферот во Барселона.
Изминативе месеци, Пјаниќ беше нон-стоп во медиумите заради трансферот во Барселона, што на крајот се случи, а на „Камп Ноу“ негов соиграч ќе биде Иван Ракитиќ, кој веднаш се стави на располагање.
Сега, Хрватот зборуваше за пристигнувањето на Пјаниќ во Барселона и откри што значи тоа за неговиот статус.
“Пред се, јас сум многу среќен, секако веднаш го повикав Миралем и му честитав. Веднаш се ставам на располагање, што и да му треба, јас сум тука. Горд сум што човек од нашиот регион ќе дојде повторно во Барселона. Тој ќе ја има мојата поддршка. Заедно ќе се бориме за доброто на сите нас “, изјави Ракитиќ, а потоа додаде:
“И фактот дека тој е мојот конкурент во тимот не менува ништо во ситуацијата. Најдобрите играчи секогаш се добредојдени. Пјаниќ е меѓу најдобрите и ќе има поддршка од мене и сите мои соиграчи”, рече 32-годишниот репрезентативец на Хрватска.
Треба да се потсетиме дека трансферот на Пјаниќ од Јувентус во Барселона чинеше 60 милиони евра.