Connect with us

Ракомет

Ракометарите се сместија во луксузниот комплекс „Свети Мартин“ на 15 километри од Вараждин

Ракометната репрезентација на Македонија на чело со Раул Гонзалез денеска ги спакува куферите и го напушти Загреб. Тие остануваат во Хрватска, но го променуваат само градот. Од Загреб  северо-источно 80-тина километри и се преселија во Вараждин, каде се чекираа во луксузниот комплекс „Свети Мартин“.

Ракометарите тука ќе останат до четврток, односно среда кога е закажан и последниот натпревар од 2. коло. Тренингот вечерва ракометарите го одржаа во комплексот каде што се сместени, а за утре е закажан тренинг во Мурско Средиште, 30 километри од Вараждин.

Македонија се подготвува за првиот натпревар од 2. коло каде што силите ќе треба да ги одмери со Шпанија, в’недела од 20.30.