Connect with us

Фудбал

Рамос го повикува Кејн во Мадрид: Тој е идеален напаѓач за шпанската лига

Рамос на теренот водеше битка со Хери Кејн, фантастичниот напаѓач на Тотенхем кој долго време се поврзуваше со трансфер на Сантијаго Бернабеу.

Според зборовите на Рамос, Кејн би бил идеален фудбалер за шпанската лига, особено кога би го облекол дресот на Реал Мадрид.

„Кејн е и физички и психички напаѓач, а исто така и технички. Тој секогаш може со нешто да ве изненади“ рече Рамос, па додаде:

„Таков напаѓач одлично би се вклопил во шпанската лига и мислам дека Кејн е идеален за играње во Шпанија“.

Хери Кејн за Тотенхем постигна 146 голови на 223 натпревари откако е приклучен во првиот тим.