Connect with us

Фудбал

Рамос го пропушта Светското клупско првенство

Капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос поради повреда нема да игра на Светскиот клупски шампионат.

Рамос не го издржа тренингот со својата екипа во Абу Даби, бидејќи почувствува повреда на задниот дел од листот и тој ќе мора да паузира. Клубот, наводно, не сака да ризикува со него и сака да го зачува за следните важни натпревари.

Реал Мадрид денес во полуфиналето игра против Ал Џазира (18 часот) и победи во финалето ќе се сретне со Гремио, кој вчера ја совлада Пачука со 1:0 во првиот полуфинален натпревар.

На Светското клупско првенство учествуваат континенталните шампиони. По традиција за трофејот се борат екипите од Европа и Јужна Америка со оглед на големата квалитативна разлика со другите екипи.