Connect with us

Фудбал

Рамос го шокираше фудбалскиот свет, до вчера беа соиграчи, а сега го фати за врат (ВИДЕО)

ПСЖ синоќа на домашен терен го победи Јувентус со 2:1 на стартот од новата сезона во Лигата на шампионите. ПСЖ оваа сезона е меѓу главните фаворити за освојување на Лигата на шампионите, а не е тајна дека клубот од Париз сите сили ги насочи кон освојување на ова натпреварување.

Сепак, дербито го одбележа и Серхио Рамос кој се најде во центарот на вниманието.

Рамос ги изненади сите кога го фати за врат Леандро Паредес, со кој до пред некој ден ја делеше соблекувалната во Париз, но откако Аргентинецот се пресели во Јувентус, очигледно е дека Шпанецот веќе го заборави тоа.

Самиот Паредес вчера беше изненаден од потегот на својот соиграч бидејќи не очекуваше да биде пречекан на овој начин на стадионот на кој настапуваше претходните неколку сезони. Сепак, Рамос уште еднаш покажа дека нема милост кон противничките играчи, без разлика дали е пријател со нив надвор од теренот или не, а тоа на своја кожа синоќа најдобро го почувствува Паредес. Рамос за овој потег доби жолт картон, иако многумина сметаат дека поради тоа искусниот дефанзивец лесно можеше да биде исклучен.