Connect with us

Фудбал

Рамос предводник на „бунтот“, шпанските фудбалери не дозволуваат намалување на плати

Претседателот на Унијата на шпански фудбалери Давид Аганзо во претходните неколку дена разговарал со капитените на тимовите од шпанската прва и втора лига, а добил порака дека играчите не се расположени да се согласат за намалување на платите, пренесува каталонскиот „Спорт“.

Кампањата наводно ја предводи капитенот на Реал Мадрид, Серхио Рамос.

Поради коронавирусот и финансиската криза пред се поради одложувањето на мечевите и суспензијата на лигите, клубовите останаа без голем прилив на средства. Фудбалерите на Јувентус веќе дадоа согласност за одложување на три месечни плати со што му заштедеа на клубот цели 90 милиони евра.

Вакво нешто најавија Барселона, Еспањол и Алавеш. Од Реал Мадрид веќе најавија дека нема да има намалување.