Connect with us

Фудбал

Рамос сака да игра во Токио, но Сојузот се спротивставува?

Капитенот на репрезентацијата на Шпанија, Серхио Рамос изрази желба да се натпреварува за својата земја на Олимписките игри во Токио.

Патувањето во Токио беше изборено благодарение на младите шпански фудбалери што освоија „златото“ на Европското првенство на возраст од 21 година, а бидејќи тренерот ќе може да повика тројца сениори, Рамос сам си ги понуди своите услуги на тренерот.

Желбата на Рамос се крие во тоа што сака да додаде олимписко злато во својата богата ризница за трофеи, а намерата да патува со млади шпански фудбалери во Токио не ја поддржуваат сите.

Додека играчите мислат дека би постигнале многу со Рамос по квалитет, тие, наводно, не се задоволни од предлогот во Шпанската фудбалска федерација, затоа што сакаат да им дадат предност на оние кои ги освоија Игрите.

„Оние „постари“ опции ќе бидат разгледани во Сојузот само доколку тоа е потребно од спортски причини. Има уште многу до Олимписките игри, не е исклучена можноста да има повредени, така што сè е отворено“, пишуваат медиумите.

Исто така, Рамос најпрво ќе треба да добие дозвола од Реал, бидејќи одењето во Токио би значело и испуштање на добар дел од предсезоната. Во тој случај, тој би се вратил само две недели пред почетокот на првенството.