Connect with us

Фудбал

Рамос со рекорд во Шпанија, Перез го открива „оружјето“ што го прави митот

За време на саботниот натпревар на 12 октомври, Серхио Рамос забележа уште еден историски рекорд во својата кариера. Дефанзивецот и капитенот на Реал Мадрид стана фудбалер со најмногу настапи во историјата на националниот тим. Натпреварот против Норвешка за него беше 168, што го става пред Касиљас кој има забележано 167 настапи за националниот тим.

Рекорд за кој Рамос го пофали и претседател на Реал Мадрид, Флорентино Перез.

„Неговата легенда ќе продолжи, убеден сум. Тој е одличен лидер, амбициозен во сите предизвици што претстојат.

Всушност, покрај тоа што поседува многу технички и физички квалитети, како што знаеме, лидерството кое го има само по себе може да се претвори во мит, не само во Реал Мадрид и шпанската репрезентација, туку и во целиот фудбалски свет“, изјави Перез за „ТВЕ“.