Connect with us

Фудбал

Рангник: Да прифатиме дека се шест години пред нас

Привремениот менаџер на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник по поразот од Ливерпул на „Енфилд“ со 4:0 изјави дека таквиот резултат е понижувачки и срамен. Тој вели дека Јирген Клоп се трансформирал од доаѓањето во клубот и затоа Ливерпул е далеку пред Јунајтед.

Јунајтед во сите моменти од натпреварот беше во подредена позиција и не беше чудно што на крајот примија дури четири гола од големиот Ливерпул.

„Поинаква формација, не би променил ништо. Првиот гол што го примивме… Не беше договор да бидеме толку високо и да примиме гол од контра по пет минути. Тоа ја промени играта. Не бевме добри во првото полувреме, не ја освоивме топката. Бевме подобри во првите 25 минути од вториот дел, имавме притисок, но третиот гол не уби“, изјави Рангник .

Тој призна дека овој резултат е катастрофа за Јунајтед.

„Тоа е понижувачко, разочарувачко, срамота е. Мора да прифатиме дека тие се шест години пред нас. Кога дојде Јирген Клоп, го сменија клубот и не само што го подигнаа тимот, туку и клубот и градот на друго ниво. Тоа треба да ни се случи во наредните години“, изјави Рангник.