Connect with us

Фудбал

Рангник рече дека ѕвездата на Јунајтед не сака да игра, па стигна одговорот: „Не е вистина“

Менаџерот на Манчестер Јунајтед, Ралф Рангник синоќа изјави дека францускиот фудбалер Антони Марсијал не сакал да биде во тимот за натпреварот против Астон Вила.

Рангник истакна дека Марсијал ќе беше во тимот доколку сакаше.

„Не сакаше да биде во тимот. Затоа не е со нас“, изјави германскиот стручњак.

Сепак, Марсијал тврди дека не е се како што вели менаџерот на клубот. Тој се огласи на Инстаграм.

„Никогаш не би одбил да играм за Манчестер Јунајтед. Тука сум седум години и никогаш, ниту ќе го обезвреднам клубот и навивачите“, изјави Марсијал.

Фудбалерот, сепак, има јасна желба да го напушти клубот. Тој игра многу малку, а во декември неговиот агент Филип Ламболи рече:

“Тој сака да игра. Тој не сака повеќе да остане во клубот и наскоро ќе разговара со управата”.

Марсијал е обврзан со договор со Јунајтед до 2024 година. Тој стана член на клубот во 2015 година и играше 268 пати со 79 постигнати голови.