Connect with us

Фудбал

Расел: Јас сум дете во овој тим, не се обидувам да бидам лидер

Џорџ Расел по три трки сезонава покажа дека може да освојува поени во болидот на Мерцедес, а во некои моменти беше и подобар од Луис Хамилтон. Сепак, пред Големата награда на Емилија Ромања изјави дека нема намера да се наметнува како лидер во Мерцедес кога се знае кому му припаѓа таа позиција.

Расел оваа сезона имаше поконстантни резултати од Хамилтон. Тој беше четврти во Бахреин, петти во Џедаи и трет во Мелбурн и заврши пред Луис Хамилтон. Така сега Расел е втор во генералниот пласман со 37 бодови, додека Хамилтон е на 28.

Сепак, и покрај таа предност од девет поени, Расел смета дека неговата и улогата на Хамилтон во Мерцедес не е променета.

„Мислам дека нема лоши намери, а мислам дека тоа е затоа што сме во различни поглавја од нашите кариери. Што се однесува до мене, имам 24 години и одам кон најдоброто на сите времиња. Ако тој заврши пред мене, сигурно нема да плачам поради тоа“, вели Расел.

„Гледате кога имате двајца возачи кои се во истиот дел од нивните кариери… Во главите на сите возачи е да се борат за позицијата лидер, додека ние го немаме тоа затоа што Луис е тука толку долго. Јас сум ново дете во тимот и нема да се трудам да бидам лидер затоа што знам дека одам кај најдобриот на сите времиња кој е тука десет години. Тој е како капитен на тимот и така треба да биде“, додаде поранешниот возач на Вилијамс.

Расел во Мерцедес го замени Валтери Ботас, кој постојано му дава поддршка на Хамилтон откако дојде во тимот. Расел лесно може да биде нешто слично во тандем со Хамилтон, иако во моментов со добра форма покажува дека може да направи нешто одлично во болидот на Мерцедес.