Connect with us

Кошарка

Ратајковски без градник го „чекираше“ Леброн Џејмс (Фото)

Еден од најдоминантните кошаркари на денешницата, Леброн Џејмс му ја донесе и третата победа во низа на својот клуб Лос Анџелес Лејкерс. Овој пат можеби не беше најдобар од линијата за слободни фрлања, но затоа го постигна кошот за победа над Атланта од 107:106.

Во оваа победа, седма сезонава, уживаше и сексапилната макенекна Емили Ратајковски, која е голем фан на „езерџиите“. Имено таа се појави во „Стејпл центарот“ и му го украде шоуто на „Кралот“ и неговата дружина. Таа беше облечена во бел џемпер под кој заборавила да стави градник, па поради тоа никој не го интересираше што се случува на теренот.

  • Дојдов да го „чекирам“ дечкото, напиша Емили и го тагна Леброн.

Инаку, Џејмс го заврши мечот со 26 поени, седум скокови и четири асистенции.

Во преоастнатите натпревари, Шарлот славеше на гостувањето кај Детроит со 113:103, Хјустон беше подобар од Индијана со 115:103, Портланд исто така запиша домашна победа над Бостон, а гоститнски победи запишаа Милвоки над Денвер со 121:114 и Орландо против Њујорк 89:115.