Connect with us

Фудбал

Разделбата со Покетино скапо ќе го чини ПСЖ, откриена е сумата

Пари Сен Жермен има намера да се раздели со Мауричио Покетино.

Тоа е затоа што парискиот гигант се обидува да го ангажира тренерот Зинедин Зидан со кој е во напредни преговори.

Но, разделбата со аргентинскиот тренер скапо ќе ги чини Парижаните.

Францускиот медиум „Л’Екип“ пишува дека заминувањето на поранешниот тренер на Тотенхем би го чинело клубот од Ал-Хелаиф цели 15 милиони евра.

Иако Покетино ја доби веста за неговиот отказ, која се уште не е официјализирана, ќе се очекува да се дефинира ситуацијата со Зинедин Зидан.

ПСЖ е во потрага по тренер со кој ќе може да ја освои Лигата на шампионите