Фудбал
Разиграниот Погба на свадба ,,се опоравува” од тешката повреда (ВИДЕО)
Францускиот играч од средниот ред паузираше од 1 до 23 септември поради повреда на глуждот, а потоа истата повреда наводно се влошила на 2 октомври, па тој се уште е надвор од терените.
Потоа, Јунајтед одигра 15 натпревари без него и оствари осум победи, со четири реми и три порази, а гласините од Островот велат дека незадоволниот и критикуван Погба речиси сигурно ќе го засили Реал Мадрид во јануари и дека тој веќе не сака да игра за „црвените ѓаволи“ до крајот година.
Ова го докажува и односот на Погба, кој и покрај ,,тешката “ повреда игра на венчавката на неговиот брат на 15 декември, денот кога Јунајтед ремизира со Евертон (1: 1) на „Олд Трафорд“. Погба убаво се забавуваше, танцуваше и не се забележа дека има проблеми со повредата. Напротив, тој правеше потези што тешко можеше да ги направи повреден спортист, што само ги подгрева приказните дека наскоро ќе потпише за Реал.
Paul Pogba at his brother's wedding. This guy is always a big mood ???
— IZY ?|| Israel (@izybaby01) December 16, 2019
Тој беше вратен од Јувентус во 2016 година за 105 милиони евра, шестиот најскап трансфер во историјата на фудбалот. Клубот од „Олд Трафорд“ бара 100 милиони евра за него, а изгледа дека Реал е подготвен да ја плати таа сума или да замени некои играчи како дел од трансферот.
Јануарскиот рок се приближува, а Погба би можел да биде неговата најголема везда.