Connect with us

Фудбал

Реал без победа, Барса на +16!

Во период од пет минути во првото полувреме, беа постигнати дури три гола. Селта поведе во 33. минута преку Даниел Вес, а само три минути подоцна Реал изедначи преку Бејл и тоа на прекрасно додавање на Крос.

Веќе во 38. минута, резултатот беше 2:1 за Реал, кога Бејл го искористи центаршутот на Иско.

Селта имаше шанса да изедначи во 72. минута кога судијата покажа кон белата точка. Но млакиот удар на Јаго Аспас голманот на Реал Мадрид го одбрани.

Десет минути подоцна, домашниот тим сепак успева да постигне гол, со што резултатот е изедначен (2:2).

Барселона моментално има дури 16 бодови предност во однос на Реал, кој моментално е четврт на табелата.