Connect with us

Фудбал

Реал го слави Бензема, а Карим со едноставни зборови објасни што се случи во Мадрид

Карим Бензема постигна хет-трик вечерва во победата на Реал Мадрид над ПСЖ со 3-1.

На ПСЖ вечерва не му беше доволна победа од првиот меч од 1:0, ниту водство на полувремето на Бернабеу бидејќи немаат победнички менталитет во Лигата на шампионите.

Кралевите одиграа прекрасен половина час. Бензема постигна три гола и го однесе Реал во четвртфиналето од Лигата на шампионите.

Бензема по натпреварот ги објасни причините поради кои кралскиот клуб успеа да ги надмине сите проблеми со величенствен пресврт и да го совлада ПСЖ.

„Реал Мадрид е жив. Секој натпревар за нас е како финале“, изјави Бензема, а потоа откри зошто Реал отишол понатаму:

„Лигата на шампионите ни е во ДНК. Победивме поради менталната сила“.

Неверојатниот Французин вечерва стана третиот најдобар стрелец во историјата на Реал Мадрид. Тој стигна до бројката од 309 гола и го надмина Алфредо ди Стефано.

Секако, немаше дилема кој ќе ја понесе наградата за најдобар фудбалер на натпреварот. Toa е Карим Бензема.