Connect with us

Фудбал

Реал има замена за Модриќ, но треба да плати – 200 милиони евра!?

Сагата со потенцијалниот трансфер на Лука Модриќ се уште не е завршена. Менаџерот на хрватскиот играч за врска вчера ги подгреа надежите на Интер со изјавата дека неговиот клиент се уште сака трансфер во редовите на италијанскиот клуб, но Реал и Перез засега се најголемиот проблем во неговата желба, пишува sportski.mk.

Италијанските медиуми пишуваат дека случајот „Модриќ“ ќе биде отворен се до крајот на италијанскиот преоден рок, а тоа е 18-ти август.

Резултат со слика за modric

Информациите се дека вечерва после Суперпкупот во Талин ќе се одржат нови преговори за иднината на најдобриот играч од последното Светското првенство.

Во Реал изгледа се свесни за желбата на еден од нивните најважни играчи и јасно е дека доколку тој замине Перез ќе мора да му доведе замена.

Прва мета според информациите е фудбалерот од средниот ред на Тотенхем, Данецот Кристијан Ериксен.Резултат со слика за modric

Но, тука има сериозен проблем, претседателот на Тотенхем, Даниел Леви за својот играч бара сума од 200 милиони евра што изгледа во овој момент Перез ја смета за преголема.

Ќе потсетиме во Шпанија може да се купува до крајот на овој месец.

Извор: sportski.mk