Connect with us

Фудбал

Реал испадна од трката, има нов фаворит за доведување на Ерлинг Халанд

Норвешкиот напаѓач Ерлинг Халанд (21) на лето би требало да отпатува во Англија.

Според германски Билд, најблиску до доведување на Халанд сега е лидерот на ПЛ, Манчестер Сити, кој сега е пред Реал Мадрид и неколку работи влијаат на тоа.

Прво, договорот на Реал со Карим Бензема е со важност до летото 2023 година и тој сигурно останува во клубот и следната сезона, поради што Мадрид претходно нема да го доведе Халанд.

Второ, желбата на играчот е да игра во англиската Премиер лига и затоа предност имаат Граѓаните, кои бараат вистински стрелец уште од заминувањето на Серхио Агуеро, но летово не успеаја да го доведат Хари Кејн од Тотенхем.

Договорот на Халанд во Дортмунд трае до 2024 година, но во неговиот договор има ослободителна клаузула која му овозможува да замине за 75 милиони евра ова лето.

Откако му се приклучи на Дортмунд во јануари 2020 година, Халанд постигна извонредни 80 гола на 79 натпревари за клубот.

Иако на располагање се уште го има Габриел Жесус, Сити сезонава често оперираше лажна деветка, а евидентно е дека е неопходен вистински голгетер како младиот Норвежанец.

Впрочем, доаѓањето на Халанд би донело дополнителен квалитет и вредност на „Етихад“, а клубот конечно би можел посериозно да размислува за трофеи во Лигата на шампионите.