Connect with us

Фудбал

Реал ја користи кризата да пронајде замена за капитенот, Рајола понудил решение?

Познато е дека Реал Мадрид веќе се пушти во потрага по човекот кој би можел да го наследи Серхио Рамос. Го ангажираа Едер Милитао од Порто, кој не воодушеви во првата сезона, но се чини дека ќе добие уште еднаш шанса.

Сепак, Реал Мадрид сака и поквалитетно решение за оваа позиција кое би му бил партнер во дефанзивата на Варан.

Се чини дека познатиот агент Мино Рајола има решение. Тој би сакал во Мадрид да го донесе Матијас де Лихт.

Холанѓанецот минатото лето пристигна во Јувентус од Ајакс за сума од околу 85 милиони евра, но не се прослави.