Connect with us

Фудбал

Реал ќе мора да го собори рекордот на Нејмар, ако го сака Ериксен

Кристијан Ериксен може да го напушти Тотенхем. Според „Марка“, „петлите“ се подготвени да го продадат 26-годишниот Данец на Реал Мадрид, но за рекордни 250 милиони евра.

Во моментов, Нејмар е најскап играч откако Пари Сен Жермен и плати на Барселона 222 милиони евра пред две години.

За раководството на „белите“, Ериксен е фаворит за замена на играчот од средниот ред, Лука Модриќ. Хрватскиот репрезентативец следната година ќе наполни 34.

Во оваа сезона, Ериксен одигра 15 натпревари за Тотенхем, во кои постигна два гола и имаше пет асистенции.