Connect with us

Фудбал

Реал ќе се обиде да ги ангажира Де Бруин и Сане

Раководството на Реал Мадрид ќе се обиде во летниот трансфер период да ги ангажира Кевин де Бруин и Лерој Сане, двајцата сегашни фудбалери на Манчестер Сити.

Англиските медиуми шпекулираат дека актуелниот европски шампион е подготвен за Де Бруин да плати 175 милиони фунти, додека Сане понудата би била 70 милиони фунти.

Пречка во трансферот на Белгиецот може да биде неговиот нов договор со Сити кој е со важност до 2023 година, додека понудата за Сане, како што пренесуваат медиумите на Островот, Манчестер воопшто нема да ја разгледува.

Сепак, останува да се види реакцијата на англискиот шампион доколку и официјално добие понуда во вкупна вредност од околу 280 милиони евра за двајцата играчи кои се цел на Реал Мадрид.