Connect with us

Фудбал

Реал купува голман за 20 милиони евра

Голманот на Атлетик Билбао, Кепа Аризабалга, ќе го засили Реал Мадрид, објави шпанска Марка.

Реал ќе плати 20 милини евра за 23-гидошниот чувар на мрежа кој има договор со сегашниот клуб до идното лето.

Кепа е решен да замине на „Сантијаго Бернабеу“ и не сака да го продолжи договорот со Атлетик Билбао. Тој најави бојкот до крајот на сезоната во случај да не му се дозволи да замине шест месеци пред истекот на договорот.

Во Реал тој ќе има годишна плата од 2,5 милиони евра.