Connect with us

Фудбал

Реал (М) е опседнат со Покетино

Близок извор до таборот на лондонскиот премиерлигаш Тотенхем откри дека клупските челници се сериозно загрижени кога е во прашање иднината на актуелниот менаџер Маурицио Покетино.

До пред неколку недели искусниот аргентински стручњак беше во игра за тренерската функција во редовите на актуелниот европски клупски шампион, тимот на Реал (М).

Сепак, раководните лица на популарните “петли” се убедени дека “кралскиот клуб” се нема откажано од намерата да ги осигури услугите на Покетино и дека интересот ќе биде обновен веднаш на почетокот од летниот преоден рок.