Connect with us

Фудбал

Реал Мадрид го реши прашањето за напаѓач

До крајот на преодниот рок Реал сепак би можел да добие напаѓач.

Реал остана без Кристијано Роналдо и на почетокот на Ла Лига успеа да запише две победи во првите две кола, па изгледа како да нема потреба од нов напаѓач.

Меѓутоа трененрот Жулен Лопетеги сепак одлучи да ангажира напаѓач и тоа од Лион. Мариано Диаз е поранешен фудбалер на Реал, па набрзо би можел да се врати во Мадрид.

Иако Севиља понуди 35 милиони евра за Диаз, на крајот Реал понуди нешто повеќе.

Мариано беше во резервите на Реал, потоа играше за првиот тим и запиша 14 настапи пред да замине во Лион. Во Лига 1 минатата сезона постигна 18 голови и Реал одлучи да го врати.